Прескокни до содржината
МДТ Курсеви

Академија за дигитални вештини на јавната администрација

Преку програмата за стекнување на дигитални вештини се унапредуваат дигиталните компетенции на административниот и стручниот кадар во јавниот сектор кои не се експерти од областа на информатичките технологии, но активно учествуваат во креирање, управување и имплементација на дигитални политики, проекти и услуги.

Програмата има за цел да обезбеди систематско и структурирано знаење за клучните аспекти на современите дигитални системи – од основи на програмирање, мрежи и безбедност, до проектен менаџмент, администрација на системи, тестирање и континуирана интеграција и испорака.

Програмата за академската 2026/2027 година се спроведува со помош на Европската Унија преку проектот „Усогласување со дигиталната и медиумската правна рамка на ЕУ и унапредување на вештините за дигитална трансформација“

Сите Курсеви